Борел: Сега е критично време за проширување на Унијата
Ова е вистинско време за посета на Западен Балкан, но е критично за процесот на проширување на Европската Унија, смета високиот претставник на Унијата, Жозеп Борел, кој деновиве е во посета на неколку држави на Балканот.
Во интервју за Дојче Веле, евро - комесарот посочува и дека Западен Балкан останува високо на агендата на Европската Унија, но според него, има настаните кои се катализатори на историјата и кои го менуваат односот меѓу различни фактори...
„Ова е вистинско време за посета на Западен Балкан, во тек е војна и има големо руско влијание на Балканот, но сега е критично време за процесот на проширување.“ - изјави Жозеп Борел.
Од друга страна пак, покрај сите ветувања, во земјава расте револтот во однос на преговорите со Унијата. Малинка Ристевска Јорданова, од институтот за Европска Политика вели дека Македонија плаќа голема цена во однос на преговорите. Според неа, на се уште не почанати преговори, земјава веќе го смени и името.
„Сите сме фрустрирани од потезите на Унијата. Јасно е дека има голема хипокризија. Веќе плаќаме голема цена и веќе сме платиле голема цена за да стигнеме. Уште не се почнати преговорите, а веќе го сменивме името. Факт е дека не сме во рамноправна позиција со Бугарија, таа го користи членството во ЕУ. Ова се прашања на национален идентитет. Граѓаните веќе реагираат на таа потчинетост. Колку и да сме мали, ние сме суверена држава. Ако ние се почитуваме, ќе не почитуваат и другите.“ - изјави Малинка Ристевска Јорданова-ЕПИ.
Ристевска Јорданова смета дека и посетата на Борел во Скопје била за да даде поддршка за земјава, но истакнува дека најнезгодната точка на неговата посета било токму прашањето за отворање на преговорите.
„Барем беше искрен. Не даде лажни ветувања.“ - вели Ристевска Јорданова.
Шефот на македонската дипломатија пред Бујар Османи во понеделникот рече дека еврокомесарот Борел не е одговорен за проширувањето на европската унија и не може од него да се очекува да даде ветување за датум. Сепак, според Османи, Македонија нема да ги прегази црвените линии за што поскоро да добиеме преговори со ЕУ.