Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има ограничувања

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел вели дека руско-кинеското партнерство има граници и дека Европа треба да ги поздрави сите обиди на Пекинг да се дистанцира од Москва.

Според Борел, иако Кина има воспоставено блиски дипломатски и економски врски, не формирала воен сојуз, ниту испорачувала оружје на Русија.

„Се чини дека ова неограничено пријателство има граници“, порача Борел, нагласувајќи дека Кина не ја преминала црвената линија.