Борел не го премислува Мицкоски, тврди уставни измени ќе нема
Дипломатските пораки на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел без ракавици не го премислуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски не отстапува од своите ставови, дека ако се отпочне со процесот на отворање на уставот, власта ќе удри во ѕид.
На Борел му порача дека ги почитува ставовите и изјавите на европските дипломати и политичари, но и дека очекува пред да бидат носени одлуки да го прашаат народот што мсили за тоа.
Боерл вчера од среде Скопје порача дека уставни измени мора да се случат, но и дека преговачката рамка нема теорија да се преговара.
Премиерот Димитар Ковачевски пак, е уверен дека во Собранието има капацитет и визија да се донесат потребните одлуки за влез во ЕУ. Од валста најавуваат дека во мај стартува процедиурата за измена на Уставот и вметнување на бугарите во него. Како владата планира да стигне до 80 пратеници нема одговор, но децидни се дека нема да има избори пред уставни измени.
За разлика од власта, нивниот довчерашен коалициски партнер Павле Трајанов, во емисијата анализа на ТВ 24, повика на избори во септември или октомври, а потоа победничките партии да ги поддржат уставните измени.
Но, уставните измени не се единственото што Македонија треба да го направи за влез во ЕУ – Борел и Вархеји потсетија дека треба да се убрзаат реформите, особено за владеење на правото, непристрасно, ефикасно и независно судство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и креирање и одржување на основите на демократијата.