Борбената група на НАТО во Словачка подготвена за акција

Борбената група на НАТО во Словачка што беше создадена за подобра заштита на источното крило на Алијансата, сега е подготвена за акција, јави агенцијата ДПА.

Од НАТО е соопштено дека по неколкумесечните интензивни увежбувња, мултинационалните борбени сили на неодамна завршената вежба „Силно единство“ демонстрирале способност и целосна подготвеност за извршување на предвидените задачи.

Борбената група е составена од 14.600 војници на армиите на Германија, Чешка, САД, Словенија и најголем дел од нив – околу 13.500 од Словачка.

 

Зајакнувањето на источното крило на НАТО доаѓа како одговор на руската инвазија на Украина. Слични активности спроведуваат и армиите на трите балтички држави – Естонија, Летонија и Литванија, како и армиите на Унгарија, Романија и Бугарија.