Борба за болнички кревет
Foto

Борба за болнички кревет

Уште не стивнале страстите од последно објавениот случај за смртта на 41 годишната беровчанка, а јавноста повторно зовре откако семејството Манаковски од Скопје обвини дека близок член на нивното семејството починал затоа што не му била пружена соодветна медицинска нега.

Семејството тврди дека причина за тоа е фактот што жената имала 76 години и била пациент на дијазлиза во Градската општа болница (ГОБ) 8 Септември. Иако ги имала сите симптоми на корона вирусот и била дадена докторска наредба за нејзин прием таа останала низ ходниците на болницата а така било и четири часа подоцна на скопските клиники каде што и ипочинала. 

„Чувајте се сите, а особено чувајте ги вашите постари сакани. Државата едноставно не им дава шанса да преживеат. Можеби сакаат да го растоварат пензискиот фонд и покрај тоа што цел работен век плаќале здравствено осигурување, нив им е скратено основното право, правото за лекување, оставени се на немилост, само затоа што се стари, а системот оптоварен.“ - вели Даниела Манаковска ќерка на починатата пациентка.

Ваквото тврдење посредно го потврди и претседателката на Здружението на приватни лекари Д-р Лилија Чолакова Дервишова во гостувањето во вестите во 17 часот но потенцираше дека секој случај е спрецифичен сам за себе.  

Веднаш по објавувањето на случајот реагираше министерот за здравство Венко Филипче кој на својот официјален фејсбук профил информираше дека побарал вонреден инспекциски надзор во болницата „8 Септември“

„ДСЗИ ме информираше дека по извршениот надзор е утврдено дека во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години. Пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет.“ - напиша Венко Филипче министер за здравство.

И покрај одговорот од санитарно-здравствениот инспекторат, Филипче не прецизираше дали добил конкретен одговор дали се точни наводите на семејството Манаковски дека постарите луѓе се враќаат дома за да има место за помалди пациенти.

Според податоците на Институтот за јавно здравје во последното деноноќие од 1176 теститрања како нови заразени со коронавирусот се покажале 387 од нив. Има 528 оздравени а починале 35. Од нив 28 се постари од 60 години. Сите починале во болнички услови.

0 Коментари

Остави коментари