Борба со пожарот во прилепско Мариово

Најризичниот пожар денеска е во реонот околу Мариовско на кого огнената линија достигнувала должина до 20 километри. Поради намалената видливост од чадот биле оневозможени леталата да дејствуваат во гаснењето над Мариово, но веднаш се вклучиле по подобрувањето на условите велат од ЦУК и на останатите четири актривни пожари интензиво се работи за ставање на истите под контрола.

Најопасниот што беснее во прилепскиот регион, зафати огромна површина и реална опасност за населените места, се активира и прилепскиот кризен штаб, сите се ангажираат за гасењето на огнот на терен се излезени 25 полициски тигри, 70 припадници на АРМ, 40 луѓе од национални шуми како и над 60 пожарникари од градовите Прилеп, Битола, Охрид, Ресен Могила, Кавадарци, Кочани, Радовиш, Штип, Свети Николе, Струмица.

Бројката на пожарите на отворено полека опаѓа, но сè уште ги има според последниот пресек од центарот за управување со кризи информираа дека има евидентирано 18, од кои активни се пет, под контрола се ставени два пожари, а 11 се изгаснати. Само во месец август имало вкупно 958 пожари на отворен простор од пошироки размери, 123 шумски, висока сува трева, стрништа, нискостеблеста, деградирана шума и ѓубришта 835 . Летните огнени сихии имаат опустошено над 5% од вкупната територија на Македонија, опустошени се повеќе од   1 200 километри шума, но и нарушен еко систем на опожарените територии.