Бомгартнер: Франција ќе се залага за надминување на спорот Скопје - Софија, но нема да биде посредник
Foto

Бомгартнер: Франција ќе се залага за надминување на спорот Скопје - Софија, но нема да биде посредник

Официјален Париз нема да посредува помеѓу Скопје и Софија за решение на спорот.

Францускиот амбасадор во земјата Сирил Бомгартнер денеска порача дека нема потреба од вмешување на трети страни затоа што Македонија и Бугарија според него, треба сами, билатерално да се договорат и да воспостават директен дијалог за решение на проблемите. Бомгартенр вели дека откако ќе се постигне договор меѓу Скопје и Софија, дури тогаш тие ќе се вклучат и поинтензивно ќе се работи на усвојување на преговарачката рамка за членство во ЕУ. 

Сирил Бомгартнер амбасадор на Француска Република 50мин– Не е прашањето дали туку како ние можеме да бидеме корисни за да го поддржиме процесот и да го охрабриме  процесот кој што е во тек.

Денес прашањето за посредништво не е на маса од повеќе причини, зошто ? Затоа што не треба посредништво, затоа што во актуелните услови не треба трета страна, затоа што двете страни треба да се договорат за воспоставување на дијалог. Единствено нешто што посакуваме е колку што можеме да бидеме корисни, за да се испорачаат резултати. 

Евроамбасадорот Дејвид Гир, во однос на црвените линии во преговорите со Бугарија,  посочи дека Македонија направи сè што е неопходно и ги исполни сите услови за отворање на преговорите со ЕУ. 

- Ги охрабруваме и Северна Македонија и Бугарија да продолжат со напорите за да се решат нивните заемни прашања за да можеме да ги отвориме преговорите за членство. Во однос на различните декларации во двете собранија ќе ви кажам дека тоа е билатерално прашање од кое се засегнати двете држави. Охрабрувањето го гледам и низ посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Северна Македонија. - изјави Дејвид Гир евроамбасадор.

Раздвојување нема - Македонија и Албанија остануваат во ист пакет да чекаат преговори со ЕУ. Иако правно, нема тесна поврзаност помеѓу двете земји, политичката одлука на Советот на ЕУ беше јасна, а заклучокот е дека Скопје и Тирана заедно ќе чекаат да се отвори европската врата.

0 Коментари

Остави коментари