Болсонаро хоспитализиран поради интестинална опструкција

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој беше хоспитализиран во неделата, има интестинална опструкција, потврдија од болницата „Вила Нова Стар“ во Сао Паоло.

Жаир Болсонаро (66) бил примен во болница поради болки во стомакот и бил на преглед за да се утврди дали е неопходна операција, изјави докторот на Болсонаро, Антонио Луис Маседо.

Бразилскиот претседател изјави дека ова е негова втора хоспитализација „со исти симптоми“ откако беше избоден за време на претседателската кампања во септември 2018 година.

Претседателот беше примен во болница во јули минатата година поради интестинална опструкција, а потоа не му требаше операција за да закрепне, пренесува АП.