Болницата во Охрид од понеделник повторно ќе прима ковид-пациенти

Од понеделник општата болница во Охрид повторно ќе работи како ковид-центар, поради зголемениот број лица инфицирани со коронавирусот во градот.

Според последните податоци, во општата болница во Охрид се сместени 43 ковид пациенти.

Дневно има и над 150 амбулантски прегледи, а исполнети се одделенијата за инфективни и интерни болести.