Боки 13 со нови обвинувања

Бојан Јовановски-Боки 13, кој издржува затворска казна во Идризово, тврди дека добил фалсификувано судско решение од Кривичниот суд..

Тој водел постапка за прекин на казна поради влошена здравствена состојба за што доставил и медицинска документација со конзилијарни мислења. Решението со кое му се одбива барањето за прекин е со датум 31 јануари 2023 година, но не е потпишано од сега покојниот судија Огнен Ставрев туку од друг судија...Јованосвки пишува дека судското решение е антидатирано и фалсификувано поради тоа што неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ доставувал нови докази за прекинот и на 3 февруари, кои кривичен ги примал, иако, според датумот на решението, постапката била завршена.

- Оттука се наметнува и прашањето поради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и заради кои причини веднаш не го верифицирал истото во АКМИС согласно закон и судскиот деловник за работа, а важно за напомена е дека покојниот судија се до 03.02.2023 година беше во активна и секојдневна комуникација со мојот бранител м-р Владимир Туфеџиќ, во врска со постапката и тој примаше дополненија на барањето и нови докази сè до 03.02.2023 за кој поседуваме докази со приемен печат од судот, ова е надвор од здрава логика!“. - вели Бојан Јовановски.

Адвокатот на Јовановски Владимир Туфегџиќ вели дека писмото е личен став на Јовановски и за него тој бил известен пред два дена од својот клинет. Поради што на Јовановски му биле доставени сите списи, медицински извештаи кои биле испраќани до судот од август месец до сега. По однос на постапката за прекин на казна Тфегџик информира дека поднел навремена жалба, со дополнување.

Кривичен суд пак излезе со контра обвинување во кое посочува дека Бојан Јовановски ја манипулира јавноста, а штетата ја сноси покојниот судија Огнен Ставрев. Тие го повторуваат она што и Јовановски го кажа, дека станува збор за неправосилно решение. Потврдуваат дека решението на кое стои името на покојниот Ставрев, а до него и ознака „с.р.“ што значи своерачно, го потпишала судијката Бранка Наумоска.

- Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска документација и мислења. Но, со оглед да, заради здравствени причини судијата замина на боледување, писмено изготвеното решение било потпишано од вториот судија во одделот, судија - Бранка Наумоска, користејќи ја претходно усогласената судска пракса и Правното мислење на Врховниот суд на РСМ. - велат од Кривичен суд.

Од судот исто така информираат и дека Јовановски во изминатите 6 месеци, со дозвола на судот, неколку пати бил хоспитализиран и му се дозволени сите, неопходни прегледи поврзани со неговата здравствена состојба. Истиот за целиот овој период почнувајќи од 25. 07. 2022 година, со неколку прекини, па до денес бил времено згрижен во соодветна клиника. Поради што судот апелира да не се манипулира со јавноста на како што пишува Јовановкси „морбиден и мононструозен“ начин. Бојан Јованосвки е осуден на затворска казна од 9 години за случајот „Рекет“ .