Боки 13: Русковска, Камчев, неколку политичари, а до некаде и јас знаеме каде се парите

Бојан Јовановски со барање за ново судење за случајот Рекет во кој тој како првообвинет е осуден на деветгодишна затворска казна која е правосилна откако беше потврдена од Апелацискиот суд во Скопје.

Тој изразува надеж дека Основниот кривичен суд ќе ги прифати наводите, за повторување на постапката, од која очекува, како што рече, да се утврди вистината и целата јавност да дознае што се случило со парите за кои е осуден на долгогодишна затворска казна.

Kаде што тужител беше сведокот од кривичната постапка Јордан Камчев се докажа дека при побарување на евентуалното оштетно побарување што го изрази пред Основниот граѓански суд дека не може човек којшто сторил неправо да бара право во една смисла и дека не се утврдени елементи за да добие статус на оштетен. 

Јовановски е осуден за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело. Во истиот предмет на седум години затворска казна беше осудена и поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластување. Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од 3 години затвор. 

Бидејќи на крајот на краиштата сите не интересира каде се парите. Одговорот мислам дека многу добро го знае Русковска, каде се парите, го знае Јордан Камчев, го знаат неколку политичари каде се парите, а одговорот некаде го знам и јас поради тоа што на крајот на краиштата сум учестувал во сите тие дејствија и тоа не го спорам“,

Бојан Јовановски во моментов е на слобода откако доби прекин на издржувањето на затворската казна во скопскиот затвор „Идризово“ поради здравствени причини. Во меѓувреме Апелацискиот суд за него и за уште неколкумина обвинети го врати на повторно судење предметот „Меѓународен сојуз“ во кој Јовановски првостепено беше осуден, исто така, на деветгодишна затворска казна за кривичните дела измама и перење пари.