Боки 13 одбил да даде исказ пред Русковска
Foto

Боки 13 одбил да даде исказ пред Русковска

Првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски денеска беше изведен пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Јовановски по еден саат беше вратен во затворот во Шутка затоа што одбил да даде исказ. Причина е тоа што обвинителката Русковска на првото соочување со доказите го известила дека истрагата против него е завршена.

„Ова до сега во македонското правосудство не се случило. Истиот ден кога го викаат прв пат на распит, го известуваат дека е завршена истрагата. Претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него. Ова е повреда на постапката, ставот на Европскиот суд за човекови права е дека осомничениот треба да биде запознаен со доказите против него и основите за сомневање“ – рече адвокатот Дуковски.

Тој појасни дека не е запознаен со фактот дали е завршена истрагата за „Рекет“ или само истрагата за Јовановски.

„Не се браневме со молчење, ниту некогаш ќе се браниме со молчење. Ќе дадеме исказ иако ова е повреда на правото на одбрана и правен нон сенс. Ние не гледаме на кристална кугла за да знаеме кои се доказите. Не дадовме изјава од разбирливи причини затоа што немаме увид во доказите“ – порача Дуковски.

0 Коментари

Остави коментари