Боки 13 нема рак на желудник, со 143 илјади евра гаранција во имот бара излегување од притвор
Foto

Боки 13 нема рак на желудник, со 143 илјади евра гаранција во имот бара излегување од притвор

По десетина неприфатетни жалби да излезе од притвор, Бојан Јовановски сега гарантира и со имот вреден околу 150 илјади евра дека нема да побегне. Нуди куќата во вредност од околу 102 илјади евра и деловен простор, проценет на 40 илјади евра. Ништо од тоа не е на негово име. 

Освен со имотот, Јовановски бара поблага мерка со над 20 лекарски мислења за неговата здравствена состојба од апелациските судии. Во нивни раце се и картите со уплатен седумдневен аранжман во Миконос од 21 јули. Докажува дека не бегал, како што тврдеше обвинителката Вилма Русковска, кога беше уапсен пред граница.“

„Обвинителката Русковска е адвокат на две мафии. Нема да кажам кои. За да излезам од притвор бев уценуван од неа за да кажам дека Катица е виновна, дека Ременски земала пари. Сакала да ја бетонира оти немала докази, а ми беше кажано дека ако не сведочам така ќе биде обвинет и мојот татко.“ - изјави Бојан Јовановски.

Пред да ги моли судиите во Апелација да го пуштат со гаранција, Јовановски беше спроведен  во кривичниот суд за да му се суди за „Рекет“, но, рочиштето втор ден по ред се одложува бидејќи сведокот Дејан Панделевски не бил уредно поканет.

Вчера и бизнисменот Владимир Тодоровиќ не се појави во судница, а беше предложен како сведок токму од Јовановски. Тој има предложено 12 сведоци а, приближна бројка сведоци има и на списокот на поранешната обивинителка Катица Јанева.

0 Коментари

Остави коментари