Бојовска Трајановска во 24 анализа: Најтешко е да им кажеме на пациентите на онкологија дека нема терапја
Докторката од Клиниката за радиотерапија и онкологија Валентина Бојовска Трајановска, во 24 анализа рече дека на пациентите кои примаат онколошка терапија најтешко е да им се соопшти дека лекот го нема и не се знае точно кога би го имало повторно.
„Најтешко е да му се објасни на пациентот дека лекот го нема. Лекот кој му овозможувал подобра здравствена состојба го нема. Тоа покрај на физичкото здравје влијае и врз нивното психичко здравје бидеќи тие се поврзуваат со лекот. Сите ги знаеме и протоколите и третманите но сепак ова се лекови кои се додаток на секој третман и овие лекови се навистина важни“, рече Бојовска Трајановска.
Таа потенцираше и дека во онкологија нема листи на чекање и сите пациен ти се третираат подеднакво согласно нивната здравствена состојба.