Бојкот во ОУ „11 Октомври“ во Центар поради префрлање на насилно дете од друго училиште

Родителите на децата од прво до четвртто одделние и по една паралелка од шесто и седмо од ООУ „11 Октомври“ од Центар, Скопје, одлучија денеска да не ги пуштат децата на настава во знак на протест од одлуката на раководството на училиштетото да запише дете, кое се изживуваше врз друго дете, но и врз наставници.

Директорката Даница Блажеска вели дека ја довеле во заблуда и ја повлекла согласноста ученик со несоодветно поведение да учи таму.

Со одлука на Советот на родители, било решено од денеска помалите деца да не одат на училиште и дека моментално таа одлука се спроведува. Доколку не се испочитуваат барањата на родителите, тогаш од утре на бојкотот ќе се приклучат и учениците од петто до осмо одделение.

Од училишниот одбор пак велат дека се согласни со ставот на родителите и се разочарани од начинот на кој се однесуваат и постапуваат надлежните. 

Директорката на училиштето „11 Октомври“ потенцира дека процедурите за преместување на ученик вклучуваат транспарентна соработка помеѓу училиштата, локалната самоуправа и Министерството за образование. Новото училиште мора да биде целосно информирано и подготвено да го прифати ученикот. Родителите остануваат на својата одлука и доколку се игнорираат нивните барања, бојкотот ќе продолжи.