Бојкот на Собранието и протести за укинување на Пржинската влада, Филипче не потврдува, Трајчуловски најавува можност
На што се должи воздржаноста на Венко ФАилипче откако неговиот пратеник Митко Трајчулески вчера за 24 анализа најави дека во игра на Бихаќка и напуштање на Собранието, откако власта во Собранието и покрај заканата дека СДСМ нема да учествува во работната група за изборниот законик не се откажа од укинување на пржинската Влада, по следните парламентарни избори.
Филипче бојкотот за изборниот законик го повторува и не одговара конкретно за решањето за напуштање на Собранието.
Пратеникот на СДСМ пак Митко Трајчулески вчера во 24 анализ абеше јасен и конкретен дека на масата во СДСМ се и бојкот на законодавниот дом и протести. За партијата на Христијан Мицкоски ставот на Филипче е ретерирање
ВМРО-ДПМНЕ
- Очигледно е дека Венко Филипче се фати во сопствените лаги и станува се повидлив стравот од сопствениот пораз. Вчера Митко Трајчулески од СДС се закани дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада, а денес Филипче ретерираше од овој нивен став. Тоа е за поздравување, бидејќи така СДС се враќа на нивниот прв став за укинување на техничката влада.
И додека мнозинството само најавува дека има поддршка за укинување на пржинската Влада од САД и ЕУ, но нема докази, а освен СДСМ, од пржинската четворка против е ДУИ најавите се дека во понеделник законот ќе се донесе. Мицкоски доби отворена поддршка од шефицата на државата.
Пржинската Влада е дел од договорот меѓу Зоран Заев и Никола Груевски во Пржино во 2015 за фер и демократски избори, од тогаш до сега нејзино укинување и постоење бараа и и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

