Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
Трговците денеска останаа сами со своите производи. Во потрагата по профит се соочија со потрошувачите кои денеска одлучија да им ја покажат моќта на колективот. Додека трговците удираа по џебот на граѓаните - тие како потрошувачи одлучија да возвратат со бојкот кој што директно задира во профитната логика на нивното постоење.
Невообичаена глетка во дел од маркетите кои ги посетивме, освен вработените, едвај можеше да се забележи по некој потрошувач.
Дел од Македонската јавност и на повикот за бојкот беше пројавила скептичност. Сепак Најголем дел од граѓаните возвратија цврсто покажувајќи ја својата борбеност во опстанокот на сиромаштијата, ги оставија трговците со полни рафтови. Големите маркети ги заменија со маалските продавнички за да го купат најосновното.
За да го намалат револтот, дел од трговците, возвратија со контра акција нудејќи на потрошувачите пониски цени, но и таквата идеја наиде на сарказам особено на социјалните мрежи.
Граѓаните со кои поразговаравме велат дека трендот на бојкот треба да продолжи бидејќи во спротивно нема ништо да се постигне. Силно веруваат дека бојкотот ќе вроди со плод и дека ќе се најде чаре за енормно високите цени по маркетите. Повикуваат трговците да го намалат апетитот за профит и да им дозволат да преживеат со и така ниските плати и пензии со кои едвај стигнуваат да си ги купат лековите а не па да се прехранат.