Бојчевски за Студио 10: Без задоволни вработени нема да има ни задоволни пациенти

Независниот синдикат на здравствени работници очекува еден од приоритетите на новиот министер за здравство, да е решавање на барањата на вработените. Да е транспарентен, отчетен и да ги слуша што имаат да кажат здравствените работници. Без задоволни вработени нема да има ниту задоволни пациенти, изјави во „Студио 10“ Боби Бојчевски од Независниот синдикат во здравството.