Бојан Јовановски синоќа итно опериран во градска болница
Foto

Бојан Јовановски синоќа итно опериран во градска болница

Бојан Јовановски кој е осуден во случајот „Рекет“ синоќа е примен во болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и врз него бил извршен итен оперативен зафат.

Информациите од болницата се дека Јовановски бил примен околу 19 часот и по извршените испитувања веднаш бил упатен во операциона сала.

Тој, според информациите, сега е во стабилна состојба, а повеќе информации се најавуваат во текот на денот.

Јовановски бил префрлен во болница откако добил воспаление на желудникот.

0 Коментари

Остави коментари