Бојаџиев во 24 анализа: Инфлацијата се спречува со мерки на фискална и монетрана политика
Професорот Марјан Бојаџиев во 24 анализа рече дека инфлацијата се спречува со мерки на фискална и монетрана политика. Според него потребни се мерки на социјална политика.
„Имаме инфлација и таа се спречува со мерки на фискална и монетрална политика. Треба мерки на социјална политика. Краткорочно замрзнување на цените нема законска основа и плус ги расте цените бидејќи ако знам дека цената ќе замрзне ќе ја покачам“, изјави Бојаџиев.
Тој рече дека нема законска основа за замрзнување на цени а секое договарање на цените е нарушување на пазарната економија.
„Новогодишната кошница беше договорна и немаше основа. Според мене добро е да се следи примерот на Словенија каде што имаат многу потрошувачки земјоделски задруги и се договараат за откуп и избегнуваат и посредувачи и дистрибутери. Потребна е и агроберза и да се субвенционира отупот“, додаде Бојаџиев.