Боинг со најава дека испораката на претседателските авиони на САД ќе доцни една година
Foto

Боинг со најава дека испораката на претседателските авиони на САД ќе доцни една година

Новите претседателски авиони на САД, во вредност од 3,9 милијарди долари, може да бидат испорачани со едногодишно задоцнување и да чинат дополнителни 500 милиони долари.

Во јули 2018 година, Боинг доби договор од 3,9 милијарди американски долари за изградба на два авиони 747-8 што ќе служат како претседателски авиони – Air Force One –  со датум на испорака декември 2024 година, а компанијата сакаше да ја одложи испораката на авиони на една година поради проблеми со Ковид-19 и добавувачи.

Компанијата предупреди и дека цената на авионите, што сега треба да бидат испорачани во 2025 година, може да се зголеми за дополнителни 500 милиони долари.

Боинг 747-8 е дизајниран да биде како Белата куќа во воздух, способен да лета во најлошите безбедносни сценарија, како што е нуклеарната војна, и е модифициран со воена аеронаутичка електроника, напредни комуникации и систем за самоодбрана.

Во моментов се користат како Air Force One два Боинг 747 од 90-те години на минатиот век, а од 40-те години на минатиот век, седум различни типови авиони се специјално дизајнирани за превоз на американскиот претседател.

0 Коментари

Остави коментари