Богојески за тв 24: Од „бегството“ на Мијалков најмногу добија Мицкоски и Заев, а изгубија граѓаните
Foto

Богојески за тв 24: Од „бегството“ на Мијалков најмногу добија Мицкоски и Заев, а изгубија граѓаните

Петар Богојески од Македонски концепт во емисијата 24 анализа истакна дека нашата земја се уште не живее слободно и институциите не се функционални по ниту еден основ. Правдата ја нема и она што е најзагрижувачки што започнал театарот за деца и младинци одп олитичките елити кои се корумпирани и неспособни да ја управуваат државата и да ги потценуваат граѓаните.

„Самиот случај Мијалков отвори дилеми во поглед на моралот и етиката во владата. Сите добија освен македонските граѓани, а најмногу доби Мицкоски во дослух со Мијалков. Не постои никаква поделба во партијата помеѓу Мицкоски и Мијалков. Тој е фингиран судир со цел каменот на началникот да се стави на вратот на Заев, а да се ослободи опозицијата.“ - вели Богојески.

Истакна дека Мијалков доби нови услови за негово предавање, односно добил добра понуда која не може да ја одбие. Доби и Заев зошто спречи било каква нова структура која не треба да биде во судир со никого во опозицијата, туку треба да создаде здрава опозиција и на тој начин Заев го спаси Мицкоски.

„Се додека Мицкоски е лидер на опозицијата, тој е безбеден премиер.“ - рече Богојески.

0 Коментари

Остави коментари