Богојески за тв 24: Бугарија со едностран акт и со меморандумот доставен во Брисел ни објави војна
Foto

Богојески за тв 24: Бугарија со едностран акт и со меморандумот доставен во Брисел ни објави војна

Петар Богојески во емисијата 24 Отворено рече дека имаме три етапи од развојот на македонско-бугарските односи. Првата е периодот кој го нарекува силно роматичарски, вториот е реалистичен по спогодбата Георгиевски-Костов и третиот отворена со Договорот за добрососедство.

„Тој договор отвори една друга димензија на односите, а тоа е простор за затворање на сите отворени прашања. Факт е дека денес во Бугарија живеат 2, 3 милиони македонци. Бугарија со едностран акт, рамковната позиција од бугарскиот парламент, особено со меморандумот доставен во Брисел,  де факто ни објави војна и на тој начин тие за првпат од деведесетите години навака, самото постоење на македонската држава го прогласија за непријателски чин кон Бугарија и комплетно ја воскреснаа политиката на живковизмот.“ - рече Богојески.

Тој потенцираше дека во Македонија недостасува соодветен македонски одговор, а тоа е изградба на историски наратив кој целосно се движи во насока на поткрепа на македонската државност.

0 Коментари

Остави коментари