Богојески: Очигледно Заев не ја познава историјата

„Секој премиер има должност да го штити достоинството на својата држава, Заев вчера тоа не го направи. Заев воспостави цензура на слободата на говорот и правото да ги браниме македонските национални интереси. Ни со еден збор тој не побара од Бугарија да го прекине говорот на омраза, кај нас доаѓа од обични граѓани, а тој од таму доаѓа од министри. Министерката Захариева не нарече експериментални глувци на Тито, ако тоа не му смета и не е повод да побара да прекине говорот на омраза од бугарска страна, е она кое јас не можам да му го простам на Заев. Дали тој е премиер на Македонија или на Бугарија. Очигледно е дека Заев не ја познава историјата“ - вели Петар Богојески од Македонски концепт во Студио 10 на ТВ 24.

„Реално е во ред изјавата на Заев, со мало надополнување. Историски контроверзи имаат сите нации, важни нации таквите контроверзии ги поминуваат како грип, а неважни нации можат да умрат од тоа. Кога нации ќе влезат во меѓудржавен историски конфликт, тие не се довршани, заплеткани се, градат ѕидови, формираат општество од секташки карактер. До помирување може да дојде, Заев и Борисов може заедно да излезат со изјава, а би било добро за сите да изјават и да го осудат насилтвото што се случувало во минатото. Невозможно е да ги решиме сите историски контроверзи, на комунистичкиот и фашистичкиот тоталитаризам. За нас како македонски идентитет друг начин за приближување кон ЕУ освен помирување и решавање на спорот немаме. Друга алтернатива немаме“ - рече аналитичарот Ненад Јовановиќ во Студио 10.