Богоевски за ТВ 24: По објавувањето на францускиот предлог, ќе не чека турбулентен период

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во емисијата 24 анализа потенцираше дека станува збор за  документ којшто никој не го видел и единствени информации се од бугарски портал кој е многу спорен.

- Дел од опозицијата падна на тие провокации од тој портал. Тоа е влегување во една евроскептина и проруска стапица и треба да внимаваме и да ги аналзираме информациите. Ние очекуваме некоја форма на француски предлог иако бугарските информации велат дека тој предлог ја содржи декларацијата на бугарското собрание. Ако некој во Европа мисли дека таа декларација е прифатлива за нас, тогаш спорот ќе беше решен во 2019 кога собранието ја донесе таа декларација. По објавувањето на францускиот предлог, ќе не чека турбулентен период. - рече Богоевски.