Богоевски во Аргумент плус: Скопје е подготвен за Европскиот Младински Олимписки Фестивал

Спортскиот директор на Македонски Олимписки Комитет, Владимир Богоевски  во Аргумент плус рече дека Скопје е подготвен за  Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Македонија. Според него, овие игри треба се шанса за Македонија да се докаже како добар организатор но и да ги претстави своите спортски таленти. 

„Ќе имаме 14 спортови кој ќе се играат во Скопје и Куманово. Првата идеја беше се да е во Скопје но се одлучивме да ги пдоелиме во два градови. Со градоначалникот на Куманово имаме супер соработка и се надеваме дека ќе биде без грешка. Имаме околу 4000 учесници од странство и 200 учесници од Македонија во сите спортови“, изјави Богоевски.

Тој објасни дека Македонскиот Олимписки Комитет без поддршка од Националните федерации не би можел да организира ваков настан.

„Националните федерации договараат и управуваат, судии, менаџирање и слично. Ние сме само контролори. Се уште не е познато кој како ќе се натпреварува и тоа е работа на Европската Федерација и затоа нас ни требаат Националните Федерации и тие ќе го направт системот на натпреварување, делегати, начин на делегирање, тренинзи, утакмици и слично“, рече Богоевски и додаде дека сите спортови ќе се пренесуваат и се ќе биде достапно во секој момент. 

Богоевски потенцираше и дека сместувачките капацитети се веќе обезбедени а во потрага се и по волонтери кои ќе помогнат за функционирање на настанот.

„Ние резервиравме 14 хотели каде што ќе бидат сместени учесниците како и во студентскиот дом Гоце Делчев. Ќе бидат две олимписки села едното кај хотел 'Континентал' и  едното кај студентскиот дом 'Гоце Делчев'. Нас потребни ни се 900-950 волонтери од кои 200-300 ќе бидат надворешни волонтери. Тие ќе треба да ги обучат нашите волонтери“, изјави Богоевски.

Тој објасни дека ваквите игри не се само спортски туку и културни бидејќи, како што објасни Богоевски, ќе бидат одлична можност учесниците да се запознаат и дружат.