Богоевски поднесе оставка, ќе биде активирана по гласањето за одземање на мандатот на Груевски
Foto

Богоевски поднесе оставка, ќе биде активирана по гласањето за одземање на мандатот на Груевски

Пратеникот и претседател на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција после скандалот со прислушуваниот разговор.

Од говорница на денешната седница на комисијата кажа дека оставката ќе биде активирана по пленарната собраниска седница на која треба да му биде одземен пратеничкиот мандат на никола Груевски.

0 Коментари

Остави коментари