Богоевски: „Oдлуката ќе има на пленарна седница“ ; Mицевски: „Комисијата си ја заврши работата, имунитетот останува.“
Foto

Богоевски: „Oдлуката ќе има на пленарна седница“ ; Mицевски: „Комисијата си ја заврши работата, имунитетот останува.“

Претседателот на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски во телефонско вклучување за вестите на Телевизија 24 го образложи процесот за одлучувањето за одземање на имунитетот на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски. Тој посочи дека одлуката ќе ја донесат пратениците со просто мнозинство од 61 глас, на пленарна седница. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски исто така во разговор со ТВ24 не се согласува со Богоевски и посочува дека Комисијата си ја завршила својата работа и притоа нема потреба да се оди на пленарна седница, зашто одлуката е јасна. Погледнете ги целосните разговори во продолжение.

0 Коментари

Остави коментари