Богдановиќ: Во наредните денови ќе падне одлуката за суспензија на плановите меѓу кои и за Ц08
Foto

Богдановиќ: Во наредните денови ќе падне одлуката за суспензија на плановите меѓу кои и за Ц08

И покрај досегашните укажувања на архитектите, урбанистите и планерите дека потребно е веднашѓ да се суспендираат деталните урбанистички планови во општина Центар меѓу кои и тој за паркингот наспроти Холидеј Ин, градоначалникот Саша Богдановиќ и понатаму калкулира. Одлуката за суспензија тврди дека лежи во рацете на Советот на општината. Доколку Советот не донесе одлука Богдановиќ вели ќе ја потпише дозволата за градење на Антиќ 

„На крајот одлуката ќе падне во наредните неколку денови, ај да кажам една или две недели. Одлуката на Советот, дали ќе се оди во насока нма суспензија или нема да се оди.“ - вели градоначалникот Саша Богдановиќ. 

Планерите и урбанистите и понатаму со укажување на градоначалникот од потребата да го суспендира ДУП-от и веднаш да спроведе Јавен конкурс со  кој ќе се опфатат сите четири градежни парцели а не само една како што е сега парцелата на МПЦ и Зоран Антиќ. 

Богдановиќ пак вели дека не ја исклучува и можноста за консултативен референдум за суспензија на деталните урбанистички планови меѓу кои и урбанистиќкиот план со кој се опфаќа паркингот со предвидентите висококатници. Нејасно е се уште зошто не е свикана седницата на Советот на општина Центар, јавноста прашува дали се купува само н а време за да с еима алиби пред локалните избори да се каже дека не може ништо да се напарави.

0 Коментари

Остави коментари