Богдановиќ: Кога го тргнавме асфалтот видовме дека дрвата немаат корени, ќе сечеме и други дрва доколку се болни
Foto

Богдановиќ: Кога го тргнавме асфалтот видовме дека дрвата немаат корени, ќе сечеме и други дрва доколку се болни

Ден потоа – остатоците од „погребаните дрва“ потсетуваат на еколошка катастрофа. Навидум мирно, моторните пили изгаснати – дрвата отстранети. Дел од зелениот коридор на „ Орце Николов“ го нема до следен ќе се почека за некои 20-30 години. Две години пред активирање на моторните пили и пред да навлезат со сечилото во стеблата на дрвата, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, при најавата за реконструкција на улицата појасни дека: 

„ Во проектирање на улицата водено е сметка за сите дрвја, да не се отстрани ниту едно, а меѓу нив да се организира паркирањето .“ - иазјви градоначалникот, Саша Богдановиќ  во 2019 година. 

2021 година, ден пред и по активираните пили и сечата на дрвата, градоначалникот Богдановиќ појасни дека дури сега утврдиле дека дрвата немаат корени и мора да се сечат.

„Така да дрворедот само ќе биде обновен. И нормално кога правите реконструкција толку голем зафат е да ви, после откако ќе отстранбите дел од асфалтот, дел од коцките, да проверите и да видите дека дел од тие дрва воопшто немале корени.“ - вели градоначалникот Саша Богдановиќ. 

Додека едни сметаат дека зеленилото влијае на менталното здравје и благосостојбата на граѓаните – други спротивно. Жителите од улицата „Орце Николов “ со кои поразговаравме додека бевме на терен сметаат дека добро е што се исечени дрвата бидејќи им сметале  оти им пречеле пред прозорците и терасите но и оти биле стари. 

Фитопатолошки наоди тврди градоначалникот Богдановиќ дека биле направени и дека врз ознова на истите се исечени дрвата, но и дека ќе се продолжи со сеча доколку во фазата на реконструкција на улицата се најде некое болно дрво.

Фитопатолозите со кои поразговаравме велат дека дури и за време на интервенција треба да се внимава да не се оштети соседното дрво за да не се случи во следните години да биде доведено во ситуација да биде старо и болно па да се сечи. 

Спротивно на жителите од „Орце Николов,  дел од пошироката јавност со жестоки реакции дека таквиот третман кон сечата на дрвата треба да подлежи на експертски анализи, консултации но и дека не сите дрва биле стари, болни и шупливи.

0 Коментари

Остави коментари