Богданов за ТВ 24: Очекувам одлуката во Стразбург да биде позитивна за апликантите

Поранешниот владин агент во судот во Стразбур Костадин Богданов во емисијата 24 Отворено истакна дека ќе има интересна прњсуда, зошто агрументи имаат и двете страни.

- Знаеме кој е влогот во целиот предмет и од аспект на државата и апликантите. Тргнувајќи од тоа како беа поставени прашањата од страна на судот, сметам дека судот во самата апликација се насочува кон законот за дополнување на законот за помилување од мај 2016, со кој се овозможи да се повлечат помилувањата. Тоа е најспорното дали реторактивно може да се донесе закон на дадени претходни помилувањата и дали тие ја нарушуваат правната сигурност. Каква ќе биде одлуката на судот, никој не знае. Очекувам да биде позитивна за апликантите. - рече Богданов.