Богданци во огнен прстен - градоначалникот Шопов се сомнева дека е подметнат

Периферијата на општина Богданци е зафатена од пожари . Во моментов интервенираат седумдесетина пожарникари а утрово биле ангажирани и канадери. Според изјави на очевидци пожарот е на два километри од две бензински пумпи, во чија близина имало пилана, фабрика за пелети и рибен комплекс.

Пожарот е блиску и до планината Карабалија, која како што велат локални мештани е полна со неексплодирани средства, бомби и гранати, од Првата светска војна што ја прават дополнително ризична ситуацијата доколку се прошири пожарот.

За сериозноста на ситуацијата за ТВ 24 говори и градоначалникот на Богданци, Блажо Шопов.