Богата културна понуда во Македонска Каменица до крајот на месец март
Културно информативниот центар „Романса“ интензивно се подготвува за претстојниот „Јazz fortnight фестивал“ кој на 21 март ќе се одржи во Македонска Каменица. Културната понуда во Македонска Каменица, како што информира директорот на КИЦ „Романса“ Горан Огненовски почнува со театарската претстава „Умри машки“, во изведба на театарот „Мирка Гинова“ од Демир Капија. Меѓу позначајните активности на културен план ќе го издвоиме „Јazz fortnight фестивалот“ кој ја стави македонска каменица на својата мапа, фестивал чии домаќини се на 21 март.
Понудата се заокружува со мелодрамата „Драга Јелена Сергеевна“, која е во продукција на здружението за култура и уметност „про арте“ – теактер студио.
Во моментот во оваа културна установа се вршат подготвителни активности и за поставување на новата кино опрема која ќе биде набавена како дел од меѓуграничниот проект со општина Белица, Бугарија.