„Бог на колежот“ – најдобра претстава на „Денови на комедија“, Ѓорѓи Јолевски – најдобар актер
„Бог на колежот“ во режија на Весна Петрушевска, во продукција на Македонскиот народен театар ја освои наградата за најдобра претставана 28. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово 2025. Актерот Ѓорѓи Јолевски од истата претстава ја доби наградата за најдобар актер, додека Рада Каирјакова од претставата „Постојаната сопруга“ на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија – е најдобра актерка. Жирито е во состав: Александар Ивановски, претседател, Дубравка Киселички, Петар Андоновски, Гергана Трaјкова и Стефан Јакимовски, членови.

