Бочварски за тв 24: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас
Foto

Бочварски за тв 24: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во емисијата 24 анализа, рече дека со оглед на тешката ситуација со пандемијата која нуди економска неизвесност, а власта со ребалансот 470 милиони евра беа директно насочени кон граѓаните за да се големи економската активност.

„Очекваме наредната година да можеме да продолжиме со нормален тек и оваа година капиталните инвестиции се двиеа без одреден застој и останаа сретства за реализиација зао на што имаше добар тек. не правевме кратење на проектите каде имаше добра реализација и така ќе биде наредната година.“ - рече Бочварски.

Тој рече дека гасификацијата е еден од приоритетите на владата и дека кракот кој поминува низ од Куманово, преку Штип до Неготино, Прилеп и Битола, веќе е реализиран со над 90% прогрес и реализација, а кракот магистралата од Скопје преку Тетово и Гостивар веќе има реализација над 65%. Паралелно се работи на поврзување на проекти со Косово и Грција.

„Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас, со тоа што ќе се снабдува Косово и во иднина и Црна Гора преку нас, преку интерконекторот кој доаѓа од Грција.“ - рече Бочварски.

Во однос на гасификацијата на градовите нема потреба опозицијата да поднесува амандмани за трошење на буџетски пари, зошто владата веќе е во процес на јавно приватно партнерство со компанија и веќе има две заинтересирани турски компании за гасифицирање на сите градови во државата без трошење на буџетски сретства. Околу 350 милиони евра ќе вложи приватниот партнер за гасификацијата.

0 Коментари

Остави коментари