Бочварски: Пари за автопатот Кичево - Охрид има
За изградбата на автопатот Кичево-Охрид се предвидени 598 милиони евра. Досега се потрошени околу 440 милиони евра, со што остануваат уште околу 160 милиони евра од кинескиот кредит за довршување на делницата, кој е продолжен до 31 декември 2026 година
Средства за завршување на автопатот Кичево Охрид има и затоа не се побарани нови, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и додаде дека она што сега е важно е да се направат техничките решенија за свлечиштата што се појавија на делницата.
За изградбата на автопатот Кичево-Охрид се предвидени 598 милиони евра. Досега се потрошени околу 440 милиони евра, со што остануваат уште околу 160 милиони евра од кинескиот кредит за довршување на делницата.