Бочварски: До крајот на годината јавен повик за изградба на третата фаза од пругата на Коридор 8

 

Изградбата на железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата Деве Баир, инвестиција од преку 700 милиони евра е сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа, рече министерот за транспорт Бочварски.

До крајот на годината очекувам да го распишеме јавниот повик за изградба на третата фаза на пругата на Коридор 8, односно од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Исто така очекувам многу брзо пратениците да ги изгласаат законите за заем од меѓународните финансиски институции и со тоа да ја заокружуме финанисиската конструкција за изградба и на последниот дел од пругата, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на ЖРСМ Инфраструктура Зоран Трифуновски, извршија увид на изградба на пругата од Куманово до Бељаковце.

Делницата од Куманово до Бељаковце е во должина од 31 километар, а инвестицијата чини 40 милиони евра. Втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка е во вредност од 155 милиони евра за изградба на 34 километри нова пруга.