Блокирана американската администрација, Конгресот не постигна договор за буџетот
Foto

Блокирана американската администрација, Конгресот не постигна договор за буџетот

Блокадата на американската администрација трае веќе шест дена, но ќе продолжи и во текот на следната недела, откако по кусиот состанок меѓу двата дома на американскиот Конгрес не е постигнат договор за буџетот. Претсавничкиот дом и Сенатот не го усвоија буџетот на федералната Влада на САД, поради острите несогласувања на републиканците и демократите околу изградбата на ѕидот на границата со Мексико, чија функција ќе биде спречување на илегалната миграција. Имено, претседателот Доналд Трамп, кој е од редовите на републиканците, бара пет милијарди долари за изградба на ѕидот. На ова се спротивставија демократите кои предлагаат поинакви мерки на безбедност на границата за што треба да се издвојат 1,3 милијарди долари. Се додека двете страни не постигна договор, се запира финансирањето на 25 отсто од министерствата и сојузната админситрација. Иако станува збор само за делумна парализа на администрацијата, стотици илјади државни службеници, не работат.

„Малку сме блокирани, но ние веруваме во ѕидови, во граници, луѓето не може да минуваат како сакаат и да не знаеме ниту кој се. Владата ќе биде парализирана се’ додека не го добиеме ѕидот, оградата, или како кој сака тоа да го нарече. Луѓето во оваа земја сакаат безбедност на границата.“ - изјави Трамп.

Седницата на американскиот Конгрес е одложена до понеделник во 10 часот, а расправата за законот за буџетот ќе продолжи во среда на 2-ри јануари. во 16 часот. Иако овој прекин на работата на администрацијата е само делумен, последиците од него веќе се чувствуваат. Судовите, се отворени за судења, но лоша вест за вљубените во Вашингтон е што се запираат сите цивилни венчавки.

0 Коментари

Остави коментари