Блокади и протести во Чучер Сандево
Foto

Блокади и протести во Чучер Сандево

Оваа жестока раправија помеѓу жителите на село Кучевиште и градоначалникот на општина Чучер Сандево се случуваше утрово за време на протестот и блокадите кои треае од 5 до 9 часот, а го организираа гневни и засрамени граѓани од условите во кои живеат.

Тие апелираат итно градоначалникот да стави крај на арогантниот однос и конечно да почне со санирање на патната инфраструктура. Револтирани дека живеат во време кога се зборува за европска иднина, селото Кучевиште плива во кал и вода, сѐ уште не е целосно завршена одводаната канализација, има селективно улично осветлување, а преполните контејнери со смет се постојан декор. Условите им ги отежнува животот, ги враќа нанзад во времето, нивните деца кои што учат во основното училиште свети Кирил и Методиј, немаат вода за пиење, носат од дома, а во еден клас учат второ и трето одделение, четири години чекаат да се отвори и градника...патуваат до околните наслеби Радишани и Бутел. Како што велат не бараат многу освен да функционираат во услови на своето време во 21 век.

Градоначалникот на општина Чучер Сандево Јован Пејковски кој смета дека насатанот има политичка заднина, посочува дека за четири години во селото Кучевиште инвестирани се над 60 милони денари, се согласува дека улиците се во лоша состојба, но вели дека во најскоро време ќе почнат со реконструкција. Жителите велат дека вербални препирки помеѓу жителите на Кучевиште и нивниот градоначаник траат со години и посочуваат дека надлежните веќе одамна не се сервис на граѓаните. Тие најавуваат протсети и во текот на утрешниот ден, велат дека ќе ги преземат сите мерки за до го вратат вистинскиот сјаај на селото кое како што велат е воздушна бања со живописна природа и е одалечено само 15 километри од градот.

" class="video" title="Advertisement" name="fitvid1" allowfullscreen>

0 Коментари

Остави коментари