Блокадата на Ипард 3 програмата тежок удар и за преработувачката индустрија
Блокадата на ИПАРД 3 програмата тежок удар и за преработувачката индустрија. Модернизацијата и развојот на оваа гранка доведена во прашање. Од Македонската Асоцијација на преработувачи велат дека нивните членки се затечени од последната одлука. Голем дел од нив се во фаза на имплементирање на проектот, а процесот на пролонгирање на исплатата скапо ќе ги чини.
Од МАП сметаат дека државата треба да најде решение за ново настанатата ситуација. Едно од нив е финансирање на дел од вложените инвестиции на преботувачите.
Додека стотици земјоделски стопанства чекаат конкретни информации кога ќе се деблокира европскиот фонд, власта и опозицијата деновиве со меѓусебни обвинувања околу стопирањето на исплатата на средствата по скандалот со платежната агенцијата.
Опозицијата обвини дека блокирани се 130 милиони евра, побара оставка на министер за земјоделие Трипуновски и побара проширување на истрагата и за луѓе блиски до власта.
Премиерот Мицковски пак повика сите што имаат докази за злоупотреба, да ги достават за да можат институциите да делуват.Упати апел до опозцијата како што рече, да не се затскрива позади прашања, туку да излезе со тврдења.
За ИПАРД 3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени се само 8.Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра. Но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција.
Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

