Блокада на патот кон Бугарија, протестираа жителите на Страцин

Магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, денеска беше блокиран кај клучката Чатал во селото Страцин, поради протест на жителите на кои им бил оневозможен пристап и сообраќај преку постоечкиот локален пат. 

Тие се незадоволни што со изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка им бил попречен пристапот преку локалниот патен правец кој го користеле за движење со земјоделски машини и со добитокот. 

Поради работите на теренот и блокираниот локален пат сега се принудени да се движат по магистралата Куманово - Ранковце - Крива Паланка. 

Јавното претпријатие за државни патишта ветило  дека ќе го реши проблемот, но засега нема ништо од тоа.