Блинкен: Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски попладнево во Скопје се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата, Ковачевски и Блинкен уште еднаш ги истакнаа одличните односи меѓу двете земји и разговараа за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на патот кон членството во Европската унија и спроведувањето на потребните реформи.

На средбата, премиерот Ковачевски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог, кој е значајно продлабочен преку стратешкото партнерсто на Северна Македонија и САД.

Порача, завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки. Неформалната свечена вечера беше увертира на состанокот на ОБСЕ, а паралелната конференција за граѓанско општество го одбележа крајот на претседателството на Македонија со ОБСЕ.