Благородната симбиоза меѓу луѓето и животните
Во библиотеката „Браќа миладиновци“ во скопје, покрај тоа што има ризница од прочитани и непрочитани дела, во истата се крие симбиозата помеѓу човекот, книгата и животните.
Пред повеќе од една година во библиотеката се смести мачорот Мицко. Миленик е на секој студент но и на малите деца. Вработените од библиотеката велат вратите за него се широко отворени, има посебна фотеља. Боемската улица не му е непозната. но сепак ужива покрај полиците книги во библкиотеката.