Бизнисот контра фармерите: Несериозни се барањата лебот да се намали на 20 денари

Несериозни се барањата лебот да се намали на 20 денари без претходно да се направат сериозни анализи за да се утврди било што, вели Горан Георгиевски од Агро-бизнис комората при ССК.

Во целиот процес на производство но и потоа постојат низа други обврски кои произлегуваат од моментот на производството па се до тоа лебот да стигне до рафтовите.  

„Ако се направи една анализа, сериозна анализа мислам, ќе се видат точно трошоците. Меѓуетоа ќе се дојде до еден факт дека учеството на материјалните трошоци во самиот производ во лебот исто така учествува и нешто повеќе работната рака. Понатаму имате пакување на соодветно производство, соодветна амбалажа која константно расте, имате тековни. Имате тековни, технички одржувања, имате транспорт. На крај на денот имате и банкарски камати, провизии, трошоци. Не би го дискутирал, е несериозно.“ - вели, Горан Георгиевски претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија 

При ниска цена на пченицата од 9 до 11 денари, висока е цената на лебот од 30 до 35 денари за една векна со различна тежина, велат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери и бараат лебот да чини 20 денари.

Потребите на земјава од пченица се околу 360.000 тони, а производството, според Асоцијацијата на земјоделци и фармери е околу 230.000 тони. Другото се увезува од соседните земји.