Бизнисот чека пари и информации за условите по кои ќе се делат парите од унгарскиот кредит
Бизнисот се уште нема никакви информации за тоа како ќе се делат парите од унгарскиот кредит. Денеска од Сојузот на стопански комори во краток телефонски разговор за тв 24 велат дека не знаат, по кој основ , камата и кој ќе бидат условите и дека информациите ги имаат само министерката за финансии и премиерот.
А пред околу три недели потпретседателот на Сојузот на стопански комори Орце Симов рече дека потребно е бизнисот да има лесни услови за користење на парите од кредитот. Новите технологии секако ќе придонесат за зголемено производство, но тоа нема по дифолт да значи и раст на бројот на вработени. Вели дека каматата на кредитот од унгарија за македонија е прифатлива но треба да се видат и другите услови.
Изјава Орце Симов – потпретседател на Сојуз на стопански комори
„Каматата е добра и одлична, таа е прифатлива. И едноставно другиот услов треба да биде само компанијата да ги врати средствата. Да нема некои комплицирани услови. Некоја компанија може да инвестира во технолошки понапредна линија која овозможува со помалку луѓе да се создава истиот производ или подолем производ.“ -Орце Симов потпретседател на ССК.
Вчера премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува во втората половина на следната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем.
Изјава Христијан Мицкоски
„ Би рекол во втората половина на следната недела да имаме состанот со македонската банкарска асоцијација и да ги утврдиме конечно на тој состанок инсистираме јас да бидам присутен и да го кажам тоа кое што мислам дека треба да го кажам.“
Надлежните имаа соопштено дека државата трошоците за кредитите за компаниите да паднат на товар на буџетот, кој го полнат граѓаните. Банките само под тој услов се согласиле да ги пласираат 250-те милиони евра, дел од унгарскиот кредит наменет за стопанството. Се уште е спорен и рокот за враќање, откако банките не се согласуваат тој да биде 15 години, колку што е и рокот државата да го врати кредитот на Унгарија и бараат тој да биде значително пократок