Бизнисменот Орце Камчев нуди над 3 милиони евра гаранција за да добие пасош
Foto

Бизнисменот Орце Камчев нуди над 3 милиони евра гаранција за да добие пасош

Бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот Империја нуди гаранција во имот од 3 милиони 188 илјади евра. Камчев, гарантира дека нема да бега со деловни простории во Центар во Скопје и хала од 900 метри квадратни. Информацијата за висината на гаранцијата ја потврдува за ТВ24 неговата одбрана. Оваа гаранција Камчев ја поднесува по жалба, откако судијката Весна Димишкова го одбила да му даде пасош. Според доброупатени извори за ТВ24, Димишкова го упатува Камчев на жалба до Кривичниот совет, а не до Апелација каде што се жали овој пат. Но, одбраната се повикува на членот 155 од ЗКП, кој гласи: Против решението за определување, укинување или пропаѓање на гаранцијата е дозволена жалба до непосредно повисокиот суд.

0 Коментари

Остави коментари