Бизнисмените и надлежните на иста маса: Како до ефикасна заштита на конкуренцијата
Foto

Бизнисмените и надлежните на иста маса: Како до ефикасна заштита на конкуренцијата

Како да се заштити бизнисот и потрошувачите од монополи и нелојални конкуренти и дали законот за заштита од конкуренција се почитува и функционира во пракса, ова е тема на денешната конференција во Скопје, која на една маса ги собра претставници на бизнисот и државните институции.

Во заштита од нелојална конкуренција посебни предизвици носи и дигиталната ера, која светот го направи глобален пазар. Затоа двете страни велат е клучно да соработуваат и да ја подигнат свеста за заштитата од конкуренција, со цел законите ефикасно да се спроведуваат во пракса.

0 Коментари

Остави коментари