Бизнис секторот од внатрешноста го поддржува растот на минималната плата но е потребен раст и развој на економијата

Охридскиот бизнис сектор е ЗА минималец од 500 евра. Велат раст треба да има бидејќи кај нас миминалната плата е се уште најниска од секаде во регионот. Но, истовремено важен е растот и развојот на домашната економија.Нови технологии и обучени кадри.

И од Стопанската комора вели дека барањето за раст на минималната плата е прифатливо но истото мора да покрепено со одредени докажувачки економски параметри.

Според пресметките на ССМ  граѓаните ниту со две и пол минимални плати не мпжат да ги покријат трошиците за живот. По протестот на 2 април, синдикатите на 1 Мај повторно ќе излезат на улица и на Меѓународниот ден на трудот ќе ги повторат своите барања за пораст на минимална плата, како и за раст на сите плати во земјата.