Битолскиот суд ја преиначи одлуката, на Борче Марковски му е определена мерка притвор
Битолскиот суд ја преиначи одлуката и на осомничениот сопственик на фирмата „Марковски Компани“, Борче Марковски, му определи мерка притвор. Ова следува по поднесената жалба на обвинителството на изречениот куќен притвор за Марковски, во кое беше наведен ризикот од бегство на осомничениот, кој поседува значителен имот во странство.
„Обвинителството вложи жалба на одлуката на судот за куќен притвор и побара затворски притвор со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на постапката“, соопштија од ОЈО Битола.

