Биткоинот достигна под 30.000 долари, првпат од 22. јуни
Foto

Биткоинот достигна под 30.000 долари, првпат од 22. јуни

Вредноста на биткоинот денеска се намали под 30.000 долари, првпат од 22. јуни, повлекувајќи со себе и други дигитални валути.

Биткоинот забележа пад за повеќе од шест проценти, достигнувајќи 29.998 долари, етерот се намали за речиси девет проценти, додека XRP се намали за околу 10 проценти, според податоците од платформата КоинДеск.

Падот на биткоинот се случи по големата распродажба на глобалните берзи.

Од средината на април годинава, кога достигна вредност од речиси 65.000 американски долари, биткоинот падна за повеќе од 50 проценти.

– Со неодамнешното ослабување на биткоинот, ова само дополнително го намали крипто пазарот, истакна Анабел Хуанг, партнер во компанијата „Амбер груп“ за финансиски услуги во тргување со криптовалути.

0 Коментари

Остави коментари